Еднаш навечер, Марина ми рече дека Синдерјушкин ме нарекол хулиган затоа што му стапнав на ногата.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Кога ги измија садовите и кога ги ставија на местото, минаа преку терасата и кога стапнаа на земја, раното сонце ги обвитка со својата нежна топлина.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таа можеше да стапне на змијата и колку многу ќе се исплашеше.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
А, тие, нашите деца, кога ќе стапнат на зелениот тепих, кој е негуван како англиски стадион, стануваат исто деца како и нивните дечиња.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ќе појде кај својот началник, кога ќе ѝ се здодее да ме чека, ќе стапне на првиот дрвен басамак и веќе не ќе е ни агент ни копнеж по шампанско.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Што можеше Сандри да ѝ одговори на старата, кога и самиот го знаеше тоа, а ги беше предвидел нејзините зборови уште пред да стапне на прагот од нивната куќарка?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Некогаш прстот ќе порани, другпат ќе стапне на пошироко.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И за сето време после, додека гледаше како месецот се изгубува зад белиот раб на шумата, а неговата месечина сѐ повеќе ја сменува една залебдена, синикава заискреност негде под самото небо, која беше денот, увиснат високо над земјата и зачекан да стапне на нејзината поврвнина, Змејко сѐ повеќе стануваше свесен за онаа празнина во неговата внатрешност, што му стоеше препашана како болен појас по целиот стомак, од која и устата и грлото му беа суви и полни некоја запечена горчина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше тоа еден таков морничав страв од височините, а во соништата тој му се прикраде така, што секогаш се изнаоѓаше себе си осамен и несигурно стапнат на скелето на една толку висока градба, која ја имаше височината на сите оние недобројни зданија, создадени од него, уште од неговото детство, наредени едно врз друго, од кој наеднаш тие скелиња почнуваа да се отпетлуваат, бетонските плочи остануваа да висат над провалијата, тулите се трошни под неговите стапала и тој онаков малечок, навистина пргав, кажав, но наеднаш толку мал и страсен не можејќи да стори ништо друго против тоа, се отпушта оттука надолу, во онаа бескрајна празнина под него, која чиниш со жед го впива во себе неговото до непостоење лефтерно и ситно тело...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Нашата војна со едната нога стапна на нивниот грклан.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Еднаш, кога те затвораат, ќе ти удрат еден дајак сите полицајци по ред и преку ред, додека началникот божем води записник, а потоа ќе те одвлечкаат до визбата како празна вреќа да не можеш да стапнеш на нозе додека лежиш, чекајќи да те осудат. Ако дочекаш.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Исчисти се веќе еднаш, за да ни дојде некоја друга – нова, млада, убава и благоносна, каква што беше ти кога прв пат стапна на нашиве простори!“
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)