Чувајте се ... спомнете си што сте направиле пред две, три или повеќе години, кому што сте му рекле, што сте му стокмиле или сте му токмеле...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Што е радоста и среќата за еден човек, ако не чувството дека сте му на некого нужни и дека можете да му помогнете, да му бидете од полза...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Мене исто така ми се чини дека тоа укажува дека Вие никогаш вистински не сте му биле предадени на конвенционалното сликарство, во вообичаената смисла на зборот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Што сте му Вие на Аце?
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
БЛАГОЈА: Вие сте му пријатели?
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Вие, Македонци, сте повикани да му припаднете нему, зашто вие сте му мили на Бога и тој ве повика да бидете негов свет народ.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Така и сега го потпритисна перото меѓу прстите во исчекување, загледан во првите зборови што ги нашиша: ’Вие, Македонци, сте повикани да му припаднете нему, зашто вие сте му мили на Бога...’ Во студенилото на зимата околу него, срцето одеднаш му затрепери од споменот на една далечна топлина...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
БОЖАНА: Земи си, синко, нафора. Денес сте му на господа помили.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
КОСТАДИН: Дури од Божиќ! Погача треба да му испратиш!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
А вие овде сте му ја курдисале, сте ја здебелиле работата... Инаку не ви оди, студена залетнува!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
— Вие не сте му тетка, вели главната сестра, вие сигурно сте му мајка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Добро, ако сте му тетка, велат, ама на детето му нема спас.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Мајка сте му. — Тетка, тетка, тетка...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Што сте му вие?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дури и детето сте му го зеле.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
„Ќе ве кајдисам, живи ќе ве печам, суртуци, но ќе кажете што сте му направиле на брат ми.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Знам што сте“, исцеди од стеснатите усни Турчинот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Тебе, скоте, во подрумот, - излудуваше, - во подрумот, арамијо! А ако се осмелите некако и го прашате што сте му украле, тој тогаш без збор ве загледува со еден таков страшен, ужасен поглед што е потежок од секоја казна.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А се случува и тоа родителот да нема пари за нешто многу важно да купи, да плати, а вие ако му побарате ќе ви ги даде, и на заем ќе земе, дете сте му, а вие ќе ги потрошите не водејќи сметка дека тие се попотребни за нешто друго, одошто за вашето одење в кино, одење во слаткарница, купување на некаква модерна кошула, маица и слично.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Тешко си ги согледуваме своите грешки и слабости, па ако учителот не ви ја даде оценката што ја очекувате, лути сте му, мислите дека ве мрази, дека ве зел на заб и слично.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Потоа, останете таму над него и разгласете дека е тој убиецот на Ѓорчета и дека вие сте му одмаздиле во името на Македонија.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
А овде, кај нас, во високата сфра, вие не сте му господар само на дишењето туку сте ѝ и вистински господар и на слободата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)