сте (гл.) - тука (прил.)

Тешко на тој мариовец шо не ќе а слуша и најистната негова заповед.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ошче сабајле јас прати едно од децата да му стори абер на Толета оти сте тука.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вие сте тука, вие постоите, јаки сте, сакате да убиете, според тоа власта ви припаѓа вам.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И сега сте тука.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Свикај ги селаните и за петнаесет минути сите да сте тука.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Старецот излезе на вратата и ги испрати со викање: - До ручек да сте тука.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Да, можам точно да објаснам: се однесуваше како ние учениците на здодевен час, кога наставничката предава, надвор е пролет, убав сончев ден, се слушаат весели детски гласови во дворот, а нам не ни е умот на часот, туку некаде надвор, во игрите, па наставничката, откако ќе го забележи тоа, ќе рече: „Ама, не сте тука, а?“
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што мислите вие, господине Андреевиќ? Се разбира, вие сте тука роден и тоа поинаку ви изгледа.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Со палецот и кажипрстот пројде преку очите и почна: - Значи, сите сте тука, нели? Молк.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И како божем дури сега да го здогледува Младичот.) О, и вие сте тука?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)