Витгенштајновото влијание врз оваа важна област на истражување е упадливо негативно.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Уште една поента која тука накусо треба да се одбележи е дека доколку некој е подготвен да прифати едно интенционалистичко објаснување на разбирањето заедно со гледиштето дека стекнувањето и употребата на она што на тој начин е разбрано, е нужно јавна, со тоа би го прифатил она што понекогаш се нарекува „обременет” поим на содржината, но не оној во кој менталните содржини треба да бидат индивидуирани преку објективно сфатените состојби на светот, т.е. состојби кои постојат независно од она што од нив го прави заедницата преку која се стекнува содржината за која станува збор и од чија страна се ограничува нејзината употреба.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)