Го виде како легна пред гавазот, како ги стискаше забите кога овој маваше по неговите дебели меса, кои сега беа црни како шалварите, и го дочека да стане и да се прибере кај светијована си Ордана Гламнов, каде Орданица веќе ги толчеше зелените коприви со сол.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се преметнува неколкупати и стиска заби. Нема сон! Нема сон!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ги стискав забите и пак чекорев, од гобленот до печката, од прозорецот до долапот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ги стискав забите за да не се насмеам. Не знаеја дека го запрев дишењето легнувајќи на дното на реката.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Разбирам, - вели Весна и ги стиска забите. Таа тоа го прави кога не е сосем искрена. Мала е да разбере.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Јас си ги стискам забите, ги превртувам очите, си ја прелапнувам устата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Петра му го слуша само гласот, ги стиска забите и очите и кога ќе слушне дека е гладен, дека е лут што не се остава и за него во чинија или чипчак, ѝ доаѓа да крикне со сиот глас Неее!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
А сега, кога сум тука, крај тебе и крај внучињава, ги стискаш забите, ги затвораш очите!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ги стискав забите за да не се насмеам. Не знаеја дека го запрев дишењето легнувајќи на дното на реката.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Одвреме навреме, колку да мине редот, да пуштиш некоја цедена насмевка и пак да стискаш заби.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Трајче излезе во дворот. Му се плачеше, ама ги стискаше забите и не сакаше да го видат како плаче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)