Пелагија каснува од слаткото што мириса на дуња, на дом, на сигурност, сака и таа да се уфрли меѓу зборовите на тетката, ама нема место за нејзините зборови, не може да направи простор во нејзината реденица оти таа ги стиска зборовите еден до друг, смислата одвај да допира до свеста на Пелагија, само негде длабоко во срцето веќе знае дека не само што нашла засолниште, туку како да ја нашла тетка Евдокија од Прилеп, односно како да оживеала нивната мајка, нејзината и на Добра, одонде, од зад границата, па наслутувајќи големи премрежиња, брза да ги откине од патот на страдањето.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)