стиска (гл.) - уста (имн.)

Додека ова го кажува една жена со свиена коса горе над темето, Чана си ја стискаше устата со големата дланка за да не ждригне нејзината смеа од која исто така можат да се исплашат луѓето што тогаш беа во просторијата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Билјана ги крши прстите, ја стиска устата, некаква мисла ја мачи, не ѝ дава да се смири.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ама, ја стискам устата, си ги гризам усните, не се предавам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)