стои (гл.) - сите (зам.)

Срипав накај прозорецот и погледнав: долу стоеја сите - Љупчо, Влатко, Дејко и Ташко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Двапати остро, еднаш завлечено свиркање - нашиот сигнал - ме разбуди.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пред него беше една средена собичка три на три метра, во едниот агол беше дрвеното самоделско  легло, во другиот гореше големата печка, над неа граот беше зоврен, до прозорецот беше масичката, а на ѕидот од дебели греди висеше неговата пушка, фенерчето и уште неколку листа хартија, од кои едно беше минатогодишен календар со ливчиња што се откинуваат секој ден, на кој стоеја сите ливчиња неоткинати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ЧУДЕСНОТО АВТО
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пред прагот на нејзината соба стоеја сите, Рада беше во црвена ноќница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)