Иако судската одлука во корист на Б. Н. веќе е правосилна и извршна, до овој момент МВР сѐ уште нема исплатено никакви парични средства на трансакционата сметка на тужителот и, како што стојат работите, сè поверојатно е дека предметот повторно ќе биде принудно спроведен и наплатен преку извршител!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судската постапка – и првостепената и второстепената – тра- еше повеќе од една година, а беа одржани шест рочишта (сосе одложувањата).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сепак љубопитството ме натера да испитам како стојат работите по другите тезги долж патот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Човекот не бара одговор на клучните прашања со оглед на тоа како стојат работите туку како тој сака тие да стојат. Тоа е проблемот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Човекот често изгледа како да останал паднат на глава, онака како што излегува и паѓа од утробата и никогаш не успева да стане на нозе за да види како вистински стојат работите.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Не сакав да и објаснувам како стојат работите на клиниките.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Немав соработка со докторите кои некогаш беа многу расположени да ми помогнат.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Како што стојат работите, ова е опасна состојба на халуцинации и сеништа, дар-мар измислици, полнење и празнење, на скршени срца, лажни помирувања и освети.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ете, нашево село го избрале да се соберат и да се разговорат, — му одговори Чуран и се запати од куќа до куќа да провери како стојат работите со ручекот и вечерата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ќе нарачаш еден конак за дваесеттина души кај сватот Колета Коштрета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Гонтран, слушај што ти зборувам; о, Гастон, навистина беше во форма вчера; Еј!, Тед, објасни му како стојат работите!
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Боб: Како стојат работите...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
По некое време, јас ги прекинав, им се заблагодарив на двајцата што беа толку отворени во врска со своите проблеми и што толку јасно ми демонстрираа како стојат работите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На почетокот на првата средба, тие започнаа со силна расправија, секој презентирајќи различни ставови и контраставови; само повремено фрлаа кратки погледи кон мене.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Таа склоност деновиве злокобно се засилува со модата да се сместуваат сексуалноста и родовиот идентитет во генетиката, во геномиката, во работењето на мозокот, на невралните патишта и во когнитивниот развој – склоност што често ја спорат психолозите и психијатрите, кои во когнитивната наука гледаат опасност за својот професионален авторитет, како и за својот дел од доходовниот пазар.342 Мојот пристап кон геј-културата е устроен да им противречи и на едниот и на другиот пристап: неговата методолошка цел е да спори и против биолошкиот и против психолошкиот редукционизам.
За Фелоуса, машките геј-културни практики се природни изрази на половата меѓупросторност и ја откриваат природната суштина на геј-мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Предизвикот за квир-студиите е да ги објасни преку општествена анализа, наместо да му ги припишува на природниот поредок на нештата.
Зашто не е баш веројатно дека културните практики имаат корен во природата, па секој обид потеклото да им се смести во природите на геј-мажите само ќе ги направи недостапни за натамошно критичко испитување, бидејќи ќе имплицира дека нема што да се објаснува освен природните факти на работава, ќе нема што да се оди подалеку од тоа како природно си стојат работите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-мажите не треба да клонат од нив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И едната и другата поента се важни; наместо да се избегнуваат, тие заслужуваат сериозно и постојано размислување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
АНТИЦА: Види ваму: до мајка ми не стои работата толку колку што стои до вујка ми.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Секако денес ќе разберам како стои работата.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ако некој силно чувствува и знае како стојат работите, без да му се укажува на тоа, тој човек треба посебно да го насочи трудот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Но како што за сега стојат работите во споредбената лингвистика, ние не можеме да знаеме повеќе за потеклото на јазиците...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сосема поинаку стојат работите...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Дефинитивно вака стојат работите за еден човек што не е зимурлија: Не е тачно дека овде има само две годишни времиња: зима и јули.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Прашање: А како стои работата кога се во прашање неколку изведувачи истовремено, или еден оркестар?
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ете, еднаш месечно, колку да ме информираш што се случува и како стојат работите меѓу вас.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)