Неправда и срам за самата правда божја е тие да стојат в кауш.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тогаш нешто испрекинато проговори. Рече: Значи... Значи, така... Јас молчев и стоев в место. Значи, така! рече повторно... Ме туркаш...
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Да, но првото стои в место, второто штотуку почнува, а веднаш го следи треска што ме држи легнат в кревет.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во нејзината мисла веќе ѝ се виде Неда како стои в црква на певницата и псала пее поарно од Куша,како им пишува писма на сите жени што имаат на гурбет мажи или синови, па си ја замисли во поповски одежди како служи литургија, но се сети оти жена не може поп да биде, и се запре на мислата барем попадија да стане и да му помага на попот во некои работи. ***
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тие деца ќе имаат олкави заби, со бради ќе можат да стојат в олтар. Ѓавол да ве земе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Да ти се клекнам на умот, ако можам некаде да ти го најдам, му велам, оти умот стои в глава, а ти го носиш во газот, му велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)