Има ли, воопшто, книжевноста некоја друга задача?
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Половата разлика ја потврдува празнината која стои помеѓу поимите за феминитет создадени од мажи и искуствата на жените.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Толкувајќи осумдесетина селектирани фрагменти од љубовниот дискурс, Ролан Барт, еден од најголемите авторитети во областа на значењето, упорно го прави истото: проникнува во она што е зад зборовите со кои љубовта (наводно) се искажува, го доловува она што стои помеѓу нив, околу нив, под нив...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Оваа состојба тешко би можела да се дефинира, доколку нема свои корени во длабочините на душата. (Старова, ibid.)
Целата ваша натамошна кореспонденција, во која Елен Лејбовиц постојано се докажува како исполнителна, темелна, максимално посветена на Твојата литература, дури и мајчински внимателна кон нејзиниот автор... целата, велам, кореспонденција и не се занимава со друго освен со длабините на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)