Во огромен букет на чиј врв стоеја закачени пар обетки - украсени со еден црвен рубин и еден син сафир.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
По земјата имаше послана куп свежа слама, на испреплетените гранки горе на покривот стоеше закачена лејка за вода, останата бездруго уште од полјакот и ништо повеќе.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Под главата, на десната страна, уште стоеше закачена една сребрена обетка, а краиштата на нејзината алка беа отворени, ѓоа жената тукушто ја отпетлала за да ја симне.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А со сегашниот, уште долго ќе стои закачено - биди со резерва, за да ме потсети да не грешам повторно.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Конзервативец е човек кој пропагира семејни и конзервативни вредности, а во меѓувреме дели тендери, брка швалерки, плаќа абортуси и нема ниедно дете, а од религиозност практикува само крст кој му стои закачен на ретровизорот од џипот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)