Мирно! Стој мирно, глупчо! -тој толку многу ми се доближа, што мислев дека ќе ми врзи некоја, ама се сврте и седна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се очекуваше да стои мирно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа стоеше мирно, но за него небаре се изви, занесена во вртушката.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сите стојат мирно у линија, a тебе ти се враќа сликата од пред "Ужичка 15" и сакаш-нејќеш, попримаш туп поглед као да си на парастос.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
И стојам мирно. Иако униформата е покривање на човечките слабости, мораш да стоиш мирно.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Стоеше мирно и навидум сосема отсутно речиси пред вратата на мојата канцеларија..
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но, нели, сврдлињата во потсвеста работат по туѓи наредби но и со посебен ритам и притоа бркаат и некои свои интереси!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кога ќе влезат тие на таванот, петелот секогаш стои мирно во еден агол, не се ни трга, ни бега, само така стои и понекогаш гледа во Зоки со своите љубопитни очи.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Погледнав - Карамба-Барамба стои мирно, сенката негова се тресе.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Мојот авион како стрела јурна преку море оставајќи под себе параброди, ајкули, бели галебови јата.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Стои мирно Карамба-Барамба, а сенката им се криви на луѓето издолжувајќи го со прсти сопствениот нос; чекори Карамба-Барамба, а сенката пијано се ниша зад него - нашла негде ракија и се опијанила!
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Но и тоа трае само за миг, всушност, како непосредно пред мојата порта да се отвора дворот на мојот болен пациент, веќе стигнав таму; коњите стојат мирно; снегот престана да паѓа, околу мене месечевата светлина; родителите на болниот итаат низ куќата; сестра му по нив; речиси ме креваат од колата; од нивните збркани зборови не можам ништо да разберам; во собата на болниот воздухот одвај може да се дише.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ја отворам и барам меѓу моите инструменти; младичот, сепак, ја подава раката, посегајќи кон мене за да ме потсети на моето ветување; ја дофаќам пинцетата, ја посматрам на светлината од свеќата и повторно ја враќам на нејзиното место.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ракијата не стои мирно во човекот, како што стои во матерката.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)