Христијаните, оние што стоеја простум, само ја пренесуваа тежината на телата од едната на другата нога а седнатите се правеа божем премногу се забавени со орлите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мурад, сам и сиот соѕидан со перници, седеше сред одајата, а сите другите стоеја простум.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Цел живот ги шетав своите соништа и низ времето и низ просторот, им зборував, им подвикнував, им потпевнував како на најблиски и стоејќи простум и извишен над нив јас секогаш се чувствував и исправен и горд...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Она по што се трагаше, одеднаш стои простум пред нас, појасно и поедноставно речено од кога и да е.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Но, сепак, оние зборови на Рада дека и адмиралите пред него ќе стојат простум, овде не важеа и не се остварија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ја молам судбината милозливо тоа да ми го дари“ - се утешуваше сам со себеси. Кон средината на декември, „белиот ангел“ пред кој генералите требаше да стојат простум, го промени своето војничко со цивилно одело.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На син облак качен стои простум стрико Бојан Димански, ни рајски ни адски, и насмеано гледа кон земјата и кон мене и во писмото во моите раце, кое сетака чадеше и кадеше и ги гореше прстите мои.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Додека јадеа и богато беа опслужувани со вино што калуѓерите им го туриваа стоејќи простум крај масата, игуменот им раскажуваше и за други чудесија на свети Наум кој на умобoлните луѓе им го враќал умот и разумот; многу сакати луѓе - проодувале; неми прозборувале; слепи - прогледувале.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Извесно време стоев простум на високото, слушајќи го удирањето на копачот во тврдата земја.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Што можев да сторам? Стоев простум над купчето тврда земја.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој стои простум и молчи.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Мораш да стоиш простум пред шпиончето од вратата, а оттаму постојано некој те гледа и во нешто те расколебува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Стојам простум и гледам во шпиончето на вратата. Немам друго за гледање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дедо Петре стои простум, задуман го слуша Словото Евангелиско.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Чана ѝ враќа како одјек што може да ја истурка назад низ ходничето Мајче Росо, тук сме, тук! и скокнува од одарчето, ѝ ја отвора вратата, ја седнува крај Митра, а таа стои простум и со очите стигнува до прозорчето, во прозорчето дрвената барака, ама околу неа веќе го нема Дине Бочаровски.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сите работнички натаму низ пиперот стојат простум и крстејќи се шепотат Господи, пу, пу, пу, да не биде урочено, цау м’ж, машала! а Роса која е најблиску Ет ти гу заштитникут, мори Чано!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
За да ја понижи пред другите кадани, ја тераше да им носи ручек, да ги служи со шербет и слатки, да им стои простум додека тие ручаа или вечераа, a овие се однесуваа кон неа како кон обична нивна алајка.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се појавуваат таму кадешто се стои простум, како на дланка. Во позиција за отстрел!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Козарите стоеја простум, небаре и тие сакаа да учествуваат во епилогот на расказот. Ги гушкаа своите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
” и се така ми зборуваше едно десетина минути, знаев сета лутина вака ќе ја истури, и стоев простум со слушалката в рака и ништо не приговарав, што можев воопшто да изустам, немаше тука место за приговарање, “Ој, одма!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)