Ноќта го повикува денот еднаш, барем еднаш да дојде да и ја осветли душата, да го почувствува неговото сонце да и го стопли срцето да ги разбрка ѕвездите и месечината... да ја успокои, да и даде мир..
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Ако бидеш јануари Ако бидеш јануари, јас ќе бидам снегулка и ќе спијам на твоето рамо, додека не се стопам од убавината што ќе ти го стопли срцето, ќе се претворам во капка и ќе го насолзам твоето око, ќе се лизнам низ твоите подочници темни и ќе исчезнам.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- Па тој никогаш не ме остави сам да пресвирам, да се донакажам, велеше Јоше Свирачот, таман ќе ми се стопли срцето тој снег ќе ти фрли во него.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Веле слушаше напрегнато. Тој сѐ се надеваше дека ќе чуе некој макар и најмал одглас, којшто ќе му го стопли срцето, но... вистината беше жестока.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)