- Нероден Петко! – Возвика Дедо Мраз – што ти сторивме, та што го стори ова со нас?...
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Долго размислував кој ден и на кој начин да го сторам ова што го правам сега.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Каде ви беше умот бре, анатемњаци, кога го сторивте ова!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Таа мора да го стори ова не само поради тоа што сето она кое желбата сакаше да го оттргне од говорната игра одново се враќа во неа, туку и поради тоа што истовремено, и самиот говор се наоѓа загрозен во својот живот, изгубен, отсечен, поради тоа што повеќе нема граници, препуштен на сопствената конечност во истиот миг во кој изгледаше дека неговите граници се бришат, во истиот миг во кој престанува да биде сигурен во себе, опфатен и ограден од страна на бесконечното означено, кое изгледаше дека го надминува. 50 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И секој во себе мислеше како сега поскоро би прснал да бега одошто да го стори ова што им рече дедо Геро.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
А вие сте се истегнале па дури до чорбаџи Теодос. Море, ќе ве испружам на земја па секому пет по дваесет и пет! (Го дига бастумот.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Штом го стори ова откритие, тој можеше лесно да се зафати со живописот на минатото и, така да се рече, да го преосмисли неговиот историјат во проекција на оваа нова димензија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Не дека зборот “писмо” престанува да го означува означителот на означителот; тоа во една чудна светлина покажува дека “означителот на означителот” престанува да го дефинира акциденталното удвојување и секундарноста лишена од нејзините права.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)