И свеска ми тоа не би го сторила иако јас и таа со погледи одамна сме се разбрале; двајцата знаеме дека чекаме можност.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Навистина требаше ти да го сториш тоа, помалку заради себеси а повеќе заради мене“, реков сосема тихо, и нешто непријатно како крила во мрачна ноќ прелета низ честакот на моите мисли.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Сѐ повеќе сум со чувството дека нешто не е сторено иако речиси знам дека тоа требало ти да го сториш“, најдов за потребно и да и приговорам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Бегај, малечок предавнику“, се влечеше по мене и по мојата запрложена сенка, ме сопнуваше и ме предизвикуваше да се уверувам дека навистина тој тврдоглав и див човек заслужува да станам мал предавник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мислев и не можев тоа да го сторам иако се чувствував навреден како мал пес со кој луѓето најпрвин добро постапуваат, потоа, без причина, го клоцнуваат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)