Тој тоа што треба да го стори ќе го стори и сам.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
– „Аман, оче дуовниче, те молам, земи ме и мене со тебе на аџилак, за да се сторам и јас еден аџија, да и да умрам да не жалам“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Беа вистински луѓе, тој можеше сега и да им ги гледа испотените лица на двајцата од нив дојдени во вистинскиот миг, и сега тие го правеа она највистинското, што можеше да се стори, она што би го сторил секој, што би го сторил и тој.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Така и Силјан коњарецот, голема радост му се сврте на голема жалост, чунки од големата радост слегувајќи на земи не стори мукает да не го окрши шишето; да што рекле стари: "зла суправа – готова штета", така му се сторило и на Силјана, дека силно паднал на земи и го удрил шишето од каменот и го окршил парче по парче и водата се разлеала по каменот.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ако може тоа да го стори и на двајцата би им се поолеснило.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Требаше да го победи, да го пребори, мислеше дека ќе може да го стори и тоа со оние свои вредни рачички, пред другите да го видат, а утредента сепак мораше да го однесе и него високо горе, на скелето, а од неговата тежина како да поигруваа под него широките мостови на скелињата и тој многу често се наоѓаше себеси вкопан, како глувче, во некое катче на таа височина и со секој ден неговиот ѕид почнуваше да заостанува со по неколку реда тули, од ѕидовите на оние, што ѕидаа од обете негови страни.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, овој 9. Ставот на ССМ беше дека работничката книшка не требаше да се брише, иако, компаративно гледано, во регионот тоа го стори и Хрватска.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)