Шест месеци за 50 гроша треба да страда неговото деветгодишно дете на Чолаковата колиба по Сињак и Опстреница, ама му ги фатил камен нозете и ќе кандиса, па затоа рече: — Таа се виде оти нема одборчуање, шо нема, и оти детето ќе ми трга мака, токо лели така, ќе ми придадиш ошче половина лира и 1 рало бијалци за него, та ете ти го на бог душа! Шо знајш прави му.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)