И куќата на Профим е, чиниш, птица што се токми некаде да одлета; на оградата од дворот што се витка како невешт детски цртеж, обесено едно старо дрвено тркало на еден кол, кое, се чини, секој миг ќе слизне од колот, ќе се откачи и ќе се стркала надолу по брегот и ќе се распарчи.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Фати сѐ надолу, како тркалото, што најпосле, се откачи од колот на оградата и се стркала надолу по брегот здробувајќи се во парчиња. ...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)