студира (гл.) - медицина (имн.)

Таа никако не можеше да сфати зошто син ѝ не си студира медицина во Скопје?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ако некој сака да студира медицина, право или инженерство, мора да замине во друга држава на студии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како целина, народот е многу необразован и некултурен.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сакала да студира медицина, но биле толку сиромашни, бидејќи само вујко ми Вангел работел и ги издржувал сите, па тоа било невозможно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Еден од моите браќа, кој ја прифати татковата сугестија да студира медицина и стана познат педијатар и универзитетски професор, имаше двајца професори сефарди, специјалисти, познати, кои го поддржуваа во кариерата и останаа големи пријатели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Накусо, доктор Миха немаше намера со сила да го натера синот да студира медицина, но не беше ни склон овој толку да се препушти на занесот по музиката па да ја запостави и матурата, дотаму и да не ја помине.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Можеби предвоениот доктор во извесна смисла имаше и право: ако не си признаваше во себе дека тоа му е еден вид одмазда што го послушал да студира медицина, на Миха психијатријата сепак му беше на некој начин бегство од неа (небаре зазор од ѕвекот на коските кај анимираниот костур) или барем дистанцирање од нејзините основни и директни дисциплини.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Другиот има тетка која се вика Мизи (јас).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Студираат медицина. Едниот од нив доаѓа од Гурок (тој).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тогаш имаше триесет и осум години; две децении пред тоа го молеше татко си да ѝ дозволи да студира медицина, но Зигмунд веруваше дека студиите не се за девојките, па таа, како и Матилда и Софи, не се запиша на универзитет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Забраната за образованието не ја натера да се оддалечи од него; му стана уште поприврзана, ги мразеше сите жени кои му беа блиски: си ги мразеше сестрите, ја мразеше тетка си Мина затоа што патуваше често со брат ми, ги мразеше и госпоѓите кои, покрај брат ми, ја проучуваа психоанализата, и единствено со една од нив, со Лу Саломе, ја врзуваше блиско пријателство, нешто што можеби ќе се претвореше во голема и страсна љубов, да не му го имаше ветено своето срце на друг – на татко си.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш живите деца се заветуваа да студираат медицина, да ѝ бидат на помош на мајка ми, на семејството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)