сум (гл.) - доживее (гл.)

Напуштајќи ја театарската сала, не чувствував ниту трага дека нешто убаво сум доживеал што, се разбира, очекував од овој мјузикал.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со кого сѐ сум доживеала. Со кого станав тоа што сум.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога би се изменил тоа значи дека сум доживеал пораз.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Омразата никогаш не беше моја програма ниту појдовна точка за моето дејствување. А тоа не смее да се измени.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога би се изменил тоа значи дека сум доживеал пораз.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И јас како Караѓоз сум доживеал нешто кое ни до ден денешен не сум си го објаснил, ниту пак, некој ми го растајнил.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ја кренав главата и им велам: — Вакво понижување не сум доживеала ни в затвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но умирачката, оче, има свој есап: половина лице ми е истинато и скаменето, утре можам да се вкочанам до ножните прсти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Брзам во овој свој последен ден да дораскажам и не можам: ноќе го сонувам настанот, имам деведесет и пет години, и веќе не знам што сум сонил а што сум доживеал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)