сум (гл.) - иде (гл.)

Забележав дека и оние неколцина со кои низ годините кога сум идел тука, во Маказар, сум имал најубави односи, некоја ако не голема блискост, а секако срдечност, не ме побаруваа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Песот Гаро, кој другпат ќе лавнеше на мене, иако сум идел толкупати, сега седеше мирен и невесел до дирекот кај шталата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— Како, џанум, не ќе су идел? Збор ли е тоа?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Знам дека долго време не сум идел кај тебе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)