сум (гл.) - свикне (гл.)

Ама тогаш, при таа прва средба уште не знаев со кого имам работа и се однесував како што сум свикнала понекогаш да се однесувам: едно да мислам, друго да кажувам, едно да чувствувам, друго да покажувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сум свикнала на болка и не ми се умира насилно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Сум свикнал, одговорив само за него, а тој: - Не мислев на овој овде, рече. - Туку на оној од чудната ноќ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од зли луѓе пленет тој е, со измама, не во битка...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но, јас сум свикнал со него и затоа ми е тешко да се разделам.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Веќе сум свикнал жителите на Пупифанија да ги сметаат моите доживувања за измислици.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)