сум (гл.) - фати (гл.)

- Толку имав јас, - рече Ангеле и стана, - туку гледај си ја твојата работа, а јас мојата, оти два дена ништо не сум фатил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Јас стојам зинат, се обидувам да се побунам, да претнам, ама нели сум фатен во стапица?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За среќа, освен една сипка што еднаш беше влегла во мојата клопка, друго не сум фатил.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Колку што се сеќавам од преголема возбуда дека сум фатил птица, не знаев убаво да ја држам, та набргу штом ја извадив од клопката, таа ми првна од рацете и одлета на блиската слива.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)