сум (гл.) - чуе (гл.)

Јаска, ете, скоро седумдесет и пет години правам, а за такво чудо, некому да му браниш јазикот да го зборува, не сум чул.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Италијанецот кој никако не јадеше од јагулата, рече: - Знам за тој нивни пат... Но сум чул дека јагулата е отровна...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Таква приказна и јас сум чул“, рече стемнето мајстор Јосиф.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А и саат кулата што одамна сакаш да ја градиш, да не дојде најпосле време и за неа? Добро ли сум чул?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ти реков, сум чул дека Турцине сега пик му имаат на Свети Ѓоргија-Горг.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не сум чул, вели пашо. Валла билја! А што сторил?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сум чула нешто, велам, ама да не се навредиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум чула за една птица која умира, набодувајќи се на голем трн.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум чула толку неубави работи за неа и сега ми дојде назгодно да ја прашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Господе боже, си велам, сум чула дека некои по десет пати умираат, а татко само еднаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум чул, вели Лазор Рогожаров, сум чул дека од свила бегале вошките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум чула нешто, вели. Што си чула, прашувам. Дека спиете заедно со мажите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оти сум чула кај вели: само еднаш да поминам по Црвениот плоштад и после од кај сакаат нека ми ја извадат душата. Толку пребргнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А сум чула дека млекото мајчино било како смолата од смреката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум чула дека тоа цвеќе било лек против покачен крвен притисок.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така, не сум чула кога се отворила вратата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најпосле, чедо, не знам друго што да ти речам и да те учам отколку што сум чул од татка ми, Бог да ми го прости.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Ниту сум видела, ниту сум чула за самовили и вештерки, за никакви бели мечки, ниту знам што се тоа Ескими!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тие се лоши. Сум чул - продолжи тој - дека палат села и градови.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- И јас така сум чул, - потврди дедо Најдо. – Туку сум чул и тоа дека Дико на Лумана му бил најпрв пријател.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- И јас сум чул - рече еден млад, здрав мрав.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Од каде го знаеш ти тоа?“ „Зарем не прилега така?“ „Никогаш не сум чул за Бунарот на душите.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Не сум чул, сењор“, рече Хернандо мирно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Е, носот му беше малку прчест, а сум чула дека луѓе со таков нос се малку лоши, наврапити, живци.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сум чул, вели, дека таму не смееш и накриво да го погледнеш кучето. Богами, ви велам, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сум чула на ваква глад некогаш живи ги закопувале децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- По војната, рече Гоше Љубин, ќе одам во Америка. Таму колку сакаш си можел да крадеш вели, и пак ќе остане. Така сум чул, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не сум чул за такво јадење, вели Гоше Љубин, не сум пробал такво јадење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)