Или се делиш од брата ти, или барај си чаре на децата. Јас су си учена сама. Ќе си преврла еден ден преку ридот, шо, знајш — прави си!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А тебе како да не ти е мило што сум си дошол порано.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сама сум си ја подгазила главата и сама ќе си ја вадам од под нозе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ах, пусти ми вујко, не ми дава да си се радувам што сум си мајка!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Сум си купил малку текнало за да ми се најде во вакви случаи.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Сум скинала многу од митровденчињата - да има за сите - насон сум си рекла - а од босилекот само една китка - За дедо - сум си рекла.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Сам сум си господар. - Правам и јас што сакам, неочекувано пламнав.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сум си влечел отсекогаш по една јас, по една било каква одвратна...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Не се сеќавам, иако одамна, многу, многу поодамна од Билјана знам за себе, да сум си поставил вакво прашање.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Колкупати во студот сум си рекла да слезиме долу кај пашитата. Да си дишеме заедно со добитокот. Едни со други да се топлиме. Како што правеа мнозина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)