сум (гл.) - ти (зам.)

Јака е како коњ. Внимавај на неа. Кога сте сами немој да се напиеш.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: О, не! Сто пати сум ти кажала дека те сакам само тебе!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А- А сега да каснеме малку па да си прилегнеме. Ако не ти се спие, ќе си прикажуваме. Уште не сум ти рекол сѐ за Волчарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кај ја дена таа ракија? - Во празнина, јас сум ти празнина. Ништо човек.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Што лошо сум ти сторила јас тебе? Што лошо ти стори човекот мој? Што кабает ни најде. Та мене, та нему...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Не, Јан, не можам; можеби сум ти ветила, но го повлекувам ветувањето“, реков и станав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Значи јас сум ти била постара и од таа црква, или поточно таа и не била родена кога ме донеле за да ме остават пред нејзините двери.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На тоа место каде што ја најдов црквата порано бил орман со стари тополи и врби; требало дрвосечачите да пристигнат, да ги кутнат дрвата од кои ќе избичат штици, греди и друг дрвен материјал за да почне да се гради црквата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Вреќата навистина е празна! – си рече, уверен во кажувањето на старецот. – Празна ќе си ја приберам, нема да тежи! Многу сум ти благодарен!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ја погребаа сестра и на Ана. – Која Ана? – Зарем не сум ти кажувала за неа? Се запознавме во театарското бифе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И мене ми се допадна делот кога Џоан фати да ја дави Тина откако луто ѝ го рече она: „Не сум ти некоја од тие твои ОБОЖАВАТЕЛКИ!“ Така ѝ треба!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Малодушникот не можел да му ги види очите на внукот и не можел да прочита во нив милост. Малоумнички во лежењето се потргал кон ѕидот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Вујко сум ти, Онисифоре. Не смееш да кренеш рака на набожниот Јаков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
САВЕТКА: Зашто, мор’, прашаш, јас не оти некогаш сум ти забранувала да ги викнеш. Викни ги уште сега ако сакаш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: Така де. Јас сум една жена проста, никаде неизлозена, и што се вели зборот: сестра сум ти, и пак не ти го бендисувам табиетот твој запеслија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сам ќе се пофалам: е патриот сум ти бре, кир Николаќи, не ја дадов на друг освен тебе што идеш во партијата моја.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Туку Никодине, никогаш во животот не сум те замолила за ништо. Понизно сум ти клечела и слугувала.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Толку сакав да ти кажам, а како да не сум ти кажал, вели и си заминува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Оти ова писмо сум ти го пишувал јас, вели, од фронтот уште, а еве дури сега стасува. Ебати поштите, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сум ти кажал ли, попе, како загина Чарли Краков?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Не знам дали сум ти кажал, бате,“ рече тој, пуфкајќи го наоколу чадот од своето луле, за случката кога оние мои неранимајковци ѝ го запалиле здолништето на една стара пазарџика откако ја виделе како завиткува колбаси во еден постер на Г.Б.?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ој не барај така братски, брате, те молам, брат сум ти, но Исус не сум за така да давам...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
- Ама, пердувче си се сторила, Ѕвездо моја, ќе ми се налути мајка ти, не сум се грижела за тебе, ми рече на заминување дури да се врати да сум ти баба, и мајка.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Те нема, мил мој... ама јас никогаш не сум ти рекла мил мој - немало време да ти речам - воздивна Ѕвезда и стишено си запеја - само темјанушката да ја слуша - Цвеќе се бере - дури е росно... моме се љуби - дури е младо...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Празнично утро. Костадин е сам, и, токму после миењето, се брише со крпа).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
По ова што стана вечерва, да чуе светот дека сум ти ја дал Симка без пари: подобро да го затворам дуќанот! Што е ред за мома, ќе платиш!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
— Чекај, Досто, да те вида, чекај, јагне, да ти се нагледам! — рече замајано и како за себе почна да си зборува, кревајќи ја главата кон таванот на земникот: — Е, е, е, сполај ми ти бре, боженце, кога и јас челад су ти бил, кога и за мене дел си одделил! — и ја гледа право во лицето и ја држи за раменици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сум ти расправал ли за сите ножови, од првиот човек до денеска? Седи со мене. Слушај ме...“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чизмите, Сотире, коланите, Сотире, брилјантинот, Сотире, јајцето, мајката твоја, е тврдо, а сум ти рекол да биде меко, и на човекот му дошло преку глава и му го попарил скутот со жешка вода небаре котлето му паднало од раце...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Слушај и запомни за да не речеш после дека не сум ти објаснил, па да ме срамиш пред некој наш полковник или генерал.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Претпоставен сум ти или не? Сум!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Е, море, Јован, командире мој. Ние сме едноселани, а ти ме праќаш таму.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ж: Оттука значи можете да заклучите дека тој трговец малку претерал со фалењето на грамофонот на г-дин Ракот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас знам дека трговците се неоспорни лажговци. Не сум ти јас од вчера!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не сум ти расакажувал за Кољка? За оној луд Кољка?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оној мој лесен и занесен, вели, се на вересија дава“...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ама сто пати сум ти рекол, отворај очи кога ми обуваш чевли, фати ги убаво, со дикат, за топуци, а ти, трап, одозгора! Тоа ли е ред?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Многу сум ти пијан, проштавај! Трештен пијан, пијан како земја в пролет.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Колку пати сум ти рекол да не се мешаш во моите работи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: (Го вади кадифето од џеб и му ги брише чевлите.) Еве, чорбаџи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СЕЛАНЕЦОТ: Од добрина и убавина, од мила. убавина, брату!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Па токму со тоа си ме навредил: јас не сум никој... јас сум ти најпрва другарка... јас те запознав со сите...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
МАРИЈА: Лута сум ти Стево. Лута сум.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
СОЊА: Не сум ти јас виновна што си го упропасти животот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И јас сум ти некој командант.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Кој си ти?! – свика непознатиот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Бегај, не сакам да те видам! - Не сум ти брат и не те сакам веќе! - грубо ја оттурнав. Таа се расплака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во легнувањето пак ред беше прво да легнат старите, а дури потоа помладите. Ѝ рече Петре на Тодора кога останаа сами: „Види што сум ти донесол.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Преброј ги да не речеш дека сум ти дал помалку магариња“.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Не ме мајтапи сега и ти, - му замери Методија. - Сум ти кажувал како на свој човек: слушај ме, вели па ако дојдат нашите пандури ќе бидеш, од плата ќе живееш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Казна сум ти, вели, чиста глоба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас сум ти татко и мајка...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Јас сум ти мајка, му велам, немаш друга мајка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ме нацрпува и ме крева в раце Горачинов и ко невеста ме внесува во кабината, да не сум ти тешка, му велам, чевлите ти се тешки, ми вели Горачинов, тоа е најтешкото на тебе, ми вели, а пред вратата аплаудираат и Силјан Лилјаков и Филип Хаџиевски и Ристо Коларов и Лазор Рогожаров, што ќе правиме ако нѐ разделат, му велам на Горачинов, ништо, вели тој, в затвор не можам да те изневерам, а на бесилка уште помалку, ми вели и ме легнува на креветот, којзнае дали ќе ме сакаш после, му велам, којзнае дали ќе можеш да ме сакаш,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти ветувам за ова, ти ветувам за она, баш си досадија! Кога ќе извлечам ветување од татко ми, мирна ми е душата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ти ветувам – одговори, па свика: - Ама, сум ти рекол да ги заборавиш тие твои глупости!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сто пати сум ти рекол, внимавај како се однесуваш, не го гледаш колку е силен!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)