КРИСТИНА: Ми се тресат рацете, црвенеам без потреба, се потам, имам вртоглавици, гледам дупло, малаксана сум, не можам да станам од кревет, не можам да заспијам, ми чука срцето, се плашам од смрт, од живот, од луѓе, од животни, од мртва природа, се плашам од страв, се гушам, не можам да земам воздух, очите ми гледаат навнатре, ми бегаат во различни правци, ми се кочат ноѕете, ме следат, коваат завера против мене, сите ми се смеат, главата ми е мала како тупаница, главата ми е голема како тиква, ми бучи во ушите, слушам гласови, има уште некој во мене, ме тера на викање, ме тера на смеење, ме тера на молчење, гледам слики, мозокот ми се лепи за черепот, правам со денови исти движења, не правам со денови никакви движења, сега сум главица зелка, ме нема.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)