Јас сум експерт, бог да ми е на помош, за случувањата во внатрешниот простор и време, за доживувањата што се нарекуваат мисли, слики, фантазирања, сеќавања, соништа, визии, халуцинации, соништа на сеќавање, сеќавања на соништа, сеќавања на визии, соништа за халуцинации, за прекршени прекршувања, прекршувања на она почетното Алфа и Омега на доживувањето и стварноста, онаа Стварност на чие што потиснување, одрекување, цепење, проекција, фалсификување и општо сквернавење и обесветување нашата цивилизација се потпира повеќе отколку на што и да е друго.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)