И не е тоа поради статусот кој ми се промени од нечија во ничија, да речам слободна, ниту, пак, затоа што пропорциите на телото ми се „боли глава“, ами затоа што сега сум една обична распуштеница која може, ете, да биде сечија.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Кој си ти? - Јас сум еден црн кос. Можам ли да влезам? - Влези, - му рекоа. - Ќе живееме заедно.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Можеби јас сум еден од оние
кои сликаат според соништата
кои одбиваат да ловат, значи да убиваат
со полуотворената уста на стрелата
за да ја наполнат својата
и на своите жени
плодови саможитни што берат
и за нас се молат
да има улов повеќе одошто ни треба
(жените кои мислат поинаку
ги праќаат своите души
на срните да им бидат штитник
на стрелите урок)
за пречек ни принесуваат
богат огрев
богот на гревот ни го ложат пред спиење
за да заборавиме на писокот на жртвите
поостер од остриците во нив набиени
за да гинеме од ноќ во ноќ
непоштедени од грозата на лажната смрт
заблазувајќи им на оние кои писнале
еднаш засекогаш!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Јас сум еден од основачите на........ партија, ама сега делувам од позадина, не сум тип што сака да се експонира“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)