- Не е точно дека не сум расположен - се бранев.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
РАКАТКА - Еден ден се сретнале трите госпожи ракови: Ракавица, Ракатка и Ракета. „Мојот рак многу пие ракија“, рекла Ракавица. „Мојот пак рак игра премногу ракомет!“, рекла Ракатка. „А мојот пак не само што има ракопис сврака (!) туку неприлично ракоплеска, а богами и ги ракоположува краците кога баш не сум расположена...“, рекла Ракета и отишла да се шета кон блиските тениски терени.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Знае дека не сум расположена за такви разговори со неа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А ја интересира, да не ти кажувам, одвај чека! – се насмеав.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Татко ми не беше расположен за тоа: - Во моментов не сум расположен за времеплов, оди со децата – рече и остана во една кафеана да го чека чичко Ацо Дукац, другар на мајка ми и негов, кој, бидејќи е директор на Градските кина во Скопје, беше службено на фестивалот, ама не работеше толку колку мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Живее кај една моја роднина наблизу, - брзо ѝ реков, со груб глас, за да разбере дека не сум расположена за натамошно распрашување.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Брат ми рече дека времепловите се интересни само на филм, како што е она патување низ минатото во филмот „Враќање кон иднината” и дека ако мајка ми нема против, не би дошол со нас, оти знае тој како ќе изгледало тоа нејзино „носење во детството”.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)