сум (гл.) - некако (прил.)

Кога ќе помислам на тоа дамнешно време, секогаш сум некако спокоен и воздухот ми замирисува на штотуку печен леб.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Додека сум жива таа љубов никој не може да ми ја надомести, изгледа дека сум некако посебна и поинаква од другите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Така е оддалеку. Одблизу се покажува уште една тешкотија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ми иде да ја гушнам како во она дамнешно време кога бев малечок и кога ѝ заспивав во скутот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но, додека ја затворам чантата и мавтам да ми ја донесат бундата, а сето семејство се збрало, таткото, подмириснувајќи ја чашата рум што ја држи в рака, а мајката најверојатно разочарана – па што, всушност, очекуваат овие луѓе од мене? – сета облеана во солзи си ги гризе усните, а сестрата мавта со шамичето натопено со многу крв, јас сум некако подготвен, под извесни околности, да признаам дека младичот, можеби, е сепак болен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)