-Јас многу преживеав. Ако сум релативно млад, досега сум вкусил многу работи – со задлабочен поглед во далечината, рече за себе Еразмо. – Но, мене ништо не ми е јасно – призна, по малку срамејќи се.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ќе бидам многу задоволен ако добијам некакви новости за тоа што мислиш ти за мајка ни и за сестра ни и дали тие се добри; речи им да го прифатат ова што се случува со мене како нешто поради што не треба да бидат премногу тажни, зашто јас сум релативно несреќен, но ете, можеби и покрај тоа, имам пред себе уште многу скоро обични години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа е болест како и секоја друга…“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)