Дури и сега, јас сум сосем свесен за тоа, ти се држиш за својата болест, верувајќи дека таа е доблест.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој го направи последниот обид: „Можеби не сум сосем јасен“, рече.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
(С. се смешка, плеска со рацете)... и тогаш сакам да сум сосем гол, и тогаш сакам да сум сосем гол, слободен секси тип, и тогаш сакам да сум сосем гол, без пеперутка вратоврска и без тебе...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тетка ми Ана тврди дека на мајка ми работата е поинтересна и повозбудлива од нејзината, а јас не сум сосем сигурен во тоа, особено кога ќе се сетам на долгите службени патувања на мајка и на чукањето на машината за пишување до доцна во ноќта.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Јас, добри мои, не сум сосем против фалењето. Јас сум против самофалењето.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Психоанализата е нешто многу повеќе, нешто многу посуштествено, уште самото нејзино име ви го кажува тоа: од психе – душа…,“ пијано објаснуваше брат ми, а доктор Гете, засмеан, го прекина: „Казанчето многу ефикасно го чисти изметот од тоалетната шоља, драг колега, но не сум сосем уверен дека вашата психоанализа може да го исчисти изметот од човечката душа.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа ја испружи раката кон Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Не, не сакам“, му одговорив, “сакам да сум сосем сам.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ако сме двајца, ќе ни е полесно.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Дома ќе мислам што правиш, како си...“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)