Дури и со движење на недолгите раце слични на поткас-рени гусочки крилја, не како човек што не почитува туѓи стремежи за една поинаква иднина ами сонлив и со болка на карличните рабови, Сандре Самарија не ја сфатил смислата на зборовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Всушност и самиот Сандерс рејвувал, но, вели дека во почетокот дури и со помош на дрогата, не можел да ја сфати смислата на рејвот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Додека не се здружиме сите ние од Кукулино, и од другите села со тоа Кукулино, и сите наши луѓе, сè што е способно да боде и да апе, минувал низ текот на своите мисли Наџак-Јанко со иста скаменетост на лицето како миогу подоцна попот запишувач на одамнешни истории кога му ја повторувал таа мудрост на боцкавиот Армодиј Давидовски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Самозадоволството што јас веќе имам едно искуство со еден црн човек кое е во тек ме спречи да ја сфатам смислата на зборовите на вујка ми Германа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Додека стариот, седејќи на столот како да не се мрднал откако се вратил, со рацете в скут, а не на маса, да не му се гледаат како се тресат, гледаше во него со очите без сјај, но сепак со една искра од можна мисла; „Ме држеа мене, сега сакаат и тебе”. На Ване му беше доволна и таа искра за да му ја сфати смислата на погледот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Најдобри се искажувањата на рејверите, што ги претставуваат почетоците на оралната историја на Е културата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тука, драги Џим, јас ја сфатив смислата на напорот и болката на постоењето; тука ги видов корените длабоко вжилени во карпите и во испуканата земја.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Беше јасно дека во тие мигови не можев да се повинувам на дисциплината што ја исполнуваше Ема со својата наивна и едноставна игра со која ме заведуваше, но, кога ѝ ги ставив дланките на раменици и силно ја повлеков кон себе, кога помислив дека целото тело ѝ е наврено на мене, или дека целиот сум во неа, почувствував дека токму тогаш таа ја сфати смислата на играта и, конечно, го направи тоа што ѝ личеше на жена која вистински го сака токму тоа: се сврте кон мене, ме гушна, ми ги апеше усните, првин горната, па долната, повремено навлажнувајќи ги со врвот на јазикот, а потоа силно ме загриза на вратот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)