Мирон се наведна за да види ( „ Ха, срце прободено со стрела!“) и не сфати зашто не се надеваше: земјата порасна и му се залепи за грб, небото падна ниско и го поклопи.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Првите мои чекори беа сврзани со основаното од нас списание “Сатирикон” и јас досега го сакам како сопствено дете, тоа прекрасно, весело списание. (Годишна претплата 6 рубли, полугодишна - 3 рубли.) Неговиот успех напола беше мој успех, јас сега со гордост можам да речам дека редок е културниот човек кој не го знае нашиот “Сатирикон” (годишно 6 рубли, полугодишно 3 рубли.) Но, на ова место јас � приоѓам на најдоцната, најблиска ера и нема да речам, но секој ќе сфати зашто јас на ова место смолкнувам.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)