Тоа лето не само што сфати дека таа и тој не се брат и сестра, туку сфати и зошто Дончо на Чана го викаше Големиот Бато.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Потоа бргу се навикна на новите звуци (чудни се патиштата на човечката психа, оти човек се навикнува на сѐ, дури и на најбизарните нешта), но сфати и дека оваа „криза“ не е забава, не е диско и дека со неа нема заебавање.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сфатив и тоа зошто Марина беше таква во сите овие денови.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Светот во кој досега се движев е без вера, но не и луѓето кои живеат во него и требаше да ја сретнам твојата мајка за да сфатам и да се уверам дека има луѓе кои знаат да веруваат и да се надеваат во продуховеноста на денот, ослободени од демоните.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Истовремено, оваа изјава треба да се сфати и како клуч за разбирање на Кејџовото дело.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
„Жал ми е ако крвта не ме предаде и ако не влезат прогонувачите; ќе сфатат и ќе стрелаат во ликовите на платната.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Смешната желба „да се биде правилно сфатен и одобрен“ почесто се изразува во младоста, кога животните пријатели се чинат далеку или не ги ни бараме поради привремената семејна идила којашто ги диктира приватните настани од гледиште на својата ефикасност.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)