Кога еден говорник загосподарува со изразот, тоа го прави така што ја сфаќа неговата објективна смисла а потоа го употребува, доколку тоа го прави коректно, во согласност со неговите објективни услови на смисленоста.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Како што одбележавме и порано, изгледа дека Витгенштајн на интенционализмот му го припишува заклучокот дека разбирањето на правилото во некоја смисла би морало да биде инфинитарно по карактер, така што сите можни апликации на правилото на некој начин се присутни кај оној кој го следи правилото кога ги сфаќа неговите барања; и ова е она што Витгенштајн го наведува на платонистичка интерпретација на гледиштето, бидејќи тој сугерира дека некој го сознава правилото на сличен начин како што и шините бесконечно продолжуваат во иднината, па според тоа се однапред и независно фиксирани.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Фрегеовската идеја може да се изложи на следниот начин: со цел смислата на изразите да им биде јавно достапна на сите говорници на јазикот, тие мораат да бидат определени, и според тоа, не можат да се состојат во она што индивидуалните говорници субјективно го подразбираат под нив.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во овој поглед, обете гледишта се всушност едно.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)