тежи (гл.) - кон (предл.)

Луѓето тежат кон ропство, кон сивило, кон смрт. Луѓето бараат само леб и сол и по можност да не јадат ќотек.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Таа напнатост почнуваше да тежи кон неговото чувство врз тенката нишка на која се држи конечната смисла на бракот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Од пивтиеста маса која виси како лига, која не стои исправено, тежи кон земја, ниско, се слива низ прсти.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)