А пак јас, тежев како камен врз него, тешка од тешки мисли, тешка од ТЕШКОТО- ОРОТО, кое во мене без престан се играше, па како лута змија отровница, под срце да ми се беше завила, ми тежеа и рацете и нозете и снагата, иако не беше многу ухранета.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Како олово да имам на нозете. Колку повеќе се напинам да бегам толку повеќе нозете ми тежат и од место не можам да ги мрднам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Море, побратиме!... И првата тежи и последната тежи!... Разделба е разделба!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Света Пречиста нека те чува од лошо... (Тихо плаче и го бацува в чело). (Печалбарите се определуваат во група и скоро ритуално почнуваат да ја пеат песната на разделбата): Жали моме, да жалиме, еј моме!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Археологот и инженерот со тешка мака ја искачија Гола Глава, ги измори брзото одење, а им тежеа и годините.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Низ една бескрај далечина: Еден апокалиптичен пес Врз еден апокалиптичен коњ Под една грда месечина ме Прогонуваат. облак Сјае злате облак: (Среде небо, среде денот бел) Главата на мојот предок Редок, Божји Сведок: Облак-утешител. глас Тешко спиеш и се криеш Во таа дрвна окарина Надвор снежи, студот тежи И зима е.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Имам впечаток дека е таа наполнета со олово - се ниша, тежи и се заканува да падне в прав.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Таа пак добро мереше кој од нив колку тежи и колку може да даде за училиштето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)