тера (гл.) - добиток (имн.)

Изнемоштените ги пуштаме напред да го тераат добитокот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кој продаде до пладнина – продаде, кој не – ќе ги тера добиците до пазар, ако не сака да ги продаде пошто-зошто.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Потоа луѓето се нафрлија да купуваат алатки за работа: искупија плугови, гребла, копачи, мотики, сорови, клинци, шари и зафатија да ги поправаат куќите и плевните, да ги ораат нивјето, да сеат, да садат, да ги режат овошките; го тераа добитокот да пасе по планините и високите места каде што тревата беше чиста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Врват луѓето, врват, пред себе тераат добиток, се довикуваат, доенчиња заплачуваат, залипуваат старци.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)