Речиси никој (со исклучок на синдикалните активисти), 299 не знаеше како оди процедурата за основање синдикат на ниво на работодавач; потоа, многу малку работници знаеја дека работодавачот мора лично да им врачи отказ во задолжителна и единствено релевантна писмена форма и не може туку-така усно да ги „избрка“ од работа или, пак, дека им следува право на дополнителна пауза за време на течењето на отказниот рок – со цел барање нова работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, поради тесната партиска блискост и заткулисни пазарења на т.н. синдикални лидери со партиите од власта или од опозицијата, тие повеќе се грижат за политичката коректност на своите потези и изјави, отколку што водат грижа за вистин- ските проблеми кои секојдневно го тиштат работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Понатаму, на многумина од нив не им беше сфатливо како тоа со колективниот договор може да се утврдуваат поголеми права од законските, а со индивидуалниот договор за вработување не може да се утврдуваат помали права од законски загарантираните; или, дека работниците можат да иницираат [стечајна] постапка за престанок на правното лице во кое работат - доколку работодавачот, три месеци едноподруго, не им исплатува плати и придонеси...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)