Ни го толкуваше лудилото, уверен дека и така може да предизвика промена кај некои од нас, а ние му се потсмевавме, го гаѓавме со стуткани ливчиња, вревевме за да го збуниме во зборувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И покрај тоа, прифатилиштата за лудаци и натаму изгледале како мачилишта за злосторници: во двете најпрочуени, Салпетрије и Бисетр во Париз, болните биле чувани како животни, некои од нив и во подземни ќелии, со синџири околу вратот, по казна врзувани на столбови на срамот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А тој продолжуваше да го толкува лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сепак, било премногу доцна – Џон Лок веќе изјавувал дека дури и религијата мора да биде рационална, а Томас Хобс го толкувал лудилото како грешка во мислењето предизвикано од дефект во телесниот механизам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)