Трошоците во судската постапка – и пред првостепениот и пред второстепениот суд, која траеше безмалку две години, изнесуваа 100.460 МКД (1.645 ЕУР), а работодавачот се стекна со обврската да го надомести и овој износ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Конечно, во мај 2010, судскиот совет (во состав: Љ.Нешкоски – претседател и П. Јадровска и А. Настевска – членови), со пресуда која е доставена следниот месец – кога всушност таа стана и извршна, ја одбива жалбата на работодавачот како неоснована и ја потврдува првичната пресуда во корист на Ф.И. (освен во делот за каматата, кадешто повисокиот суд интервенираше по службена должност – бидејќи, во меѓувреме, беа донесени законски измени кај ЗОО со коишто се воведоа новини при утврдувањето на каматните стапки).7
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)