трае (гл.) - неколку (прил.)

Траеше неколку ноќи. Го држеше оној голем човек, а тој ги држеше нив, неколку долги ноќи, полни месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Претресот траеше неколку векови. Проклет да бидам, неколку векови.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ако со бурекот си го поделил и срцето на пола, па таа една дропка од органот си му ја подарила засекогаш, а вечноста тогаш траела неколку месеци плус еден дочек на Нова година, што значи до утро, тоа не е за заборавање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Орце започнал да фрла бомби од балконот против војската и полицијата, која за миг се нашла тука. Оваа нерамна борба траела неколку часа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа траеше неколку векови. Проклет да бидам, милиони векови.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тишината траја неколку секунди. Никој не се решаваше да ја прекине, бидејќи не наоѓаше збор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)