Тргнавме во авантури како што се трга во манастир.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Изморени од момчешкото оро - тапанџијата и зурлаџиите се тргаат во сенка да си отпочинат.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Народот трга в борба за слобода по патот свет на Мирче и Страшо.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Богдан сега пак лежи болен, но не во болничкиот кревет во Виена, туку овде, дома, и пак ги чувствува оние исти полипи од болницата како му се заплеткуваат околу нозете и го тргаат во длабини каде што не можеше да дише и пак прави напори да им се оттргне и да дојде до здив.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
- Ама што ѓавол ти пречи... - ѝ свика тој и ја фати да ја трга во одајата кај Бонети.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
(Се смее. Се враќа до фотелјата преку која му е префрлено палтото, го зема и трга во собата на Неда.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Душемето крцкаше под нејзините стапала, и кога Амдие, Разие и Селвие, трите нови жени на ибн Бајко, ќе го чуеја тој крцкот, само се тргаа во околните соби.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)