трга (гл.) - надолу (прил.)

Небаре некој за рамена да ме трга надолу.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нашите лица беа опечени од сонцето и секој час ги тргавме надолу сенчилата од капите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мислам некој ми ги собува панталоните, вели, трга надолу, ми ги трга и нозете. 249
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги крева рацете Богдан, се фаќа за железните шипки од креветот и прави напори да се крене, да стане, но оние исти полипи што го тргаа во болницата, пак го тргаат надолу кон водните длабини да не може да поземе воздух.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)