Тасе ја трга настрана.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во трлото манастирските овчари ги сортираат, ги бележат со црвена боја по челата; обележаните се тргаат настрана за колење; тие како да претчувствуваат блеат, врескаат; се случува некое од бележаните јагниња да се спаси ако пред колењето овчарите увидат дека може да биде расно и ги враќаат назад кај другите јагниња оставени за приплод; спасеното јагне сè уште блее од страв; блеат и другите јагниња исплашени од неговата црвена боја, од неговиот смртен знак на челото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Некои од селаните ја гледаа, а некои се тргаа настрана да не гледаат или ги затинаа ушите да не го слушаат жалното рикање на бикот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ах, тетко Танаскоице, какво бегање... така, човек се трга настрана...
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
А потоа крвожедно виновен сум - си вели и се трга настрана за да може да се исплаче, ќе нѐ зграби за врат: сите.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Овде, дење, границите на желбата стануваат поместени, а ноќта ги трга настрана.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ако од некаде се појави јато галеби мигум ги тргаат настрана чадорчињата од количките за бистрооките да го разберат разлетаниот крик на гладта.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ги учат како се впиваат езерски бранови во палавите очиња за да не замижуваат, кога ќе пораснат, на секоја секавица.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)