„Никому” излажав, но не ги тргнав очите од извалканото лице на Денко Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тие, не само што не можеа да ги тргнат очите од автомобилот на Аето, туку толку многу се вдадоа, што почнаа да му се приближуваат сè повеќе и повеќе.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Кажав ли дека сакав да ги тргнам очите од неа, но тие закопани во девојката беа а кога се обидов да се свртам нешто турнав (а сè уште стоев) И наеднаш од небото нејзината рака истури ѕвезди по челото мое”.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ја обзеде нов страв дека одвратниот предмет може секој момент да скокне врз неа и затоа почна тивко и внимателно да се повлекува наназад, без да ги тргне очите од змијата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Погледот негов како да ме плесна и ги тргнав очите настрана.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
„Вака млад, а не се контролираш веќе” се ругаше Стариот писател и наполно ѝ се предаде на смеата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)